Земјотрес почувствуван во Скопје

од Берта Китинска

Земјотрес со епицентар 760 километри јужно од Скопје во Средоземно Море со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван денеска веднаш по полноќ во 00 часот и 43 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван и во нашата држава со интензитет од II -III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Слични содржини