Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер погоди остров во Егејското Море

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер погоди остров во Егејското Море

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер погоди остров во југоисточниот дел на Егејското Море, а засега не се пријавени повредени, ниту материјална штета.

Геодинамичниот институт во Атина соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил на 39 километри северозападно од островот Карпатос и дека се случил веднаш по 18 часот по локално време.

Карпатос се наоѓа меѓу популарните туристички острови Родос и Крит во делот на Грција, кој е подложен на земјотреси.
loading...