Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција

од Radmila Tasevska

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во јужната турска провинција Адана, соопшти тамошната Канцеларија за елиминација на последиците од природни катастрофи (АФАД).

Според РИА, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу седум километри.

Претходно оваа недела, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Адијаман.

Слични содржини