Рано утрово во 6 часот и 58 минути во главниот Скопје и североисточниот дел од Македонија, во селата Арачиново, Матејче и Липково е почувствуван силен земјотрес.

скопје-панорама-7

Според информациите на Сеизмолошката обсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот е 5 километри североисточно од Скопје со епицентри на 2 километри под земјината површина и интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.

Земјотресот е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што како во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението.земјот

Според интернетот сајтот на Европската сеизмолошка станица, земјотресот бил со јачина од 3,9 степени, во длабочина од пет километри и се случил околу седум километри североисточно од Скопје.

Слични содржини