Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

од Nikola Popovski

Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер вечерва во 22 часот и 38 минути ја потресе Албанија, а бил почувствуван и во западните и северозападните делови од Македонија.

Земјотресот бил на 56 километри од Призрен.

Според Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 13 километри.

Исто така бил регистриран уште еден земјотрес со епицентар 81 километар северно од Тирана.

Велат дека овој земјотрес „врз основа на нумерички модел на промени на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот“, можел да предизвика само помали материјални штети во епицентралното подрачје.

Слични содржини