Земјотрес во Далмација: Хрватското тло не мирува (ФОТО)

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван утрово во Сплит и пошироката област на Далмација.

Според Сеизмолошката служба, земјотресот се случил во 05.57 часот, со епицентар на 22 километри источно од Дрниќ, пренесува Индекс.хр.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека земјотресот бил почувствуван на пошироко подрачје – во Солин, Шибеник, Книн, Макарска и Биоград на Мору.

Жителите на Сплит изјавија дека во тој град имало силен тремор, а некои на социјалните мрежи напишале дека „целата куќа се тресела“

Слични содржини