Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава

од Vladimir Zorba

Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, Албанија, попладнево е почувствуван во земјава.

Ккао што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран денеска во 17 часот и 35 минути.

Земјотресот е со 3.5 степени по Рихтер, а бил почувствуван во југозападните делови во земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични содржини