Земјотрес во Обединетото Кралство – тоа е најсилниот што бил почувствуван во последнава деценија!

од desk4

Делови од Велс и југозападна Англија беа стресени од земјотрес со интензитет од 4,4 Степени, соопшти Британскиот геофизички институт, цитиран од ДПА.

Тоа е најсилен земјотрес во Велика Британија, кој се случил во последнава деценија.
Нејзиниот епицентар се наоѓа 20 км северно од велшкиот град Свонси.

Зградите таму се треселе неколку секунди и кампусот на универзитетот “Свонси” бил евакуиран, но нема податоци за штети.

Потресот е релативно слаб, но е најсилен, по оној  со јачина од 5,2 степени , кој се случи во 2008 година. Земјотреси со таква сила, во просек во Велика Британија има на секои три до пет години, посочи Институтот.

Слични содржини