Земјотресот што ја погоди Албанија потресе и делови од Македонија

од Nikola Popovski

Земјотресот што попладнево ја погоди Албанија, бил почувствуван и во западните делови од Македонија. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираат дека бил регистриран во 16 часот и 08 минути, е со интензитет од III степени и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри североисточно од главниот град Тирана и на 2 километри од градот Булќизе.

Слични содржини