„Земунскиот клан е ДЕТСКА ГРАДИНКА за нив“: Брнабиќ за членовите на групата на Беливук

од Vladimir Zorba

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ вечерва зборуваше за криминалната група на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља.

Брнабиќ рече дека нивните злосторства немаат никаква врска со фудбалот.

– Вулетиќ беше еден од добрите пријатели на Вељко Беливук. Се надевам дека истрагата ќе ги обезбеди сите докази за неговата вмешаност. Меѓутоа, да знаете што се случило со тој човек (Гокси) и да се шегувате на тој начин, е навистина незамисливо. Ужасно е и одвратно. Не знам како некој може да направи такво нешто – рече Брнабиќ и додаде дека тие всушност зборуваат само за себе, за тоа какви се.

Брнабиќ рече дека групата на Вељко Беливук извршила такви злосторства што „Земунскиот клан е детска градинка за нив“.

Слични содржини