Зет пукал во шура во угостителски објект во Сарај

од Nikola Popovski

Синоќа околу 21 часот дошол до пукање во угостителски објект во село Сарај, информираат од МВР. Според податоците, во инцидентот учествувеле З.Ш.(48) од село Глумово, кој бил со уште три лица, како и Л.З.(47) од село Ласкарци и Н.С.(35) од Глумово. Во еден момент З.Ш. извадил пиштол и пукал кон неговиот шура Л.З., со кого имале нарушени семејни односи и кон Н.С., но не ги погодил. Потоа пиштолџијата со тројцата пријатели го претепале Н.С.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Слични содржини