Зета-Џонс за својот сопруг: Мајкл е поуспешен од мене

од Stefanija Kuzmanovska

Кетрин Зета-Џонс е во брак 2 децении со 25-години постариот актер Мајкл Даглас, со кого има две деца, а сега откри дека неговиот успех воопшто не ја мачи, и дека таа е многу горда на него.

Кетрин неодамна се појави на радио шоу, а на прашањето за нејзините нови улоги, една од најубавите жени на светот рече дека не брза и во таа пригода истакна дека нејзиниот сопруг е далеку поуспешен од неа.

„Имав одлична филмска и театарска кариера. Мојот сопруг, кој е 25 години постар од мене, сега е далеку поуспешен и дури има серија на „Нетфликс“. Тоа ме инспирира и јас сум среќна што имам можност да ја чекам вистинската улога. Мислам дека е голем благослов“, рече таа, па се осврна на други актери.

„Ги гледав сите оние актери и луѓе од медиумите кои се чинеше дека можат да направат сè за време на карантинот. Тие готват, месат тесто… јас направив англиски чај и еден бисквит. Изгледаше како грутка крем, и таков вкус имаше – рече убавата актерка и откри дека не е многу добра домаќинка.

Слични содржини