Зетот на Ердоган поднесе оставка од позицијата министер за финансии

од Vladimir Zorba

Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак поднесе оставка во неделата, велејќи дека тоа го прави од здравствени причини, пренесува Блумберг, повикувајќи се на изјава што Албајрак ја објави на неговиот потврден профил на Инстаграм.

Албајрак во изјавата рече дека сега по оставката како министер во турската влада времето ќе го посвети на своето семејство.

Двајца портпароли на овој турски политичар потврдија дека овој профил на Инстаграм навистина му припаѓа на министерот, но не биле во позиција да ја потврдат или негираат автентичноста на изјавата, според Блумберг.

Оставката на турскиот министер за финансии следеше по ненадејната одлука на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го отпушти гувернерот на Централната банка на Турција, Мурат Ујсал и да го назначи 52-годишниот Наци Агбал, поранешен министер за финансии, на оваа функција.

„Одлучив да се повлечам од функцијата министер, по пет години во кабинетот, сето тоа од здравствени причини“, рече Албајрак во изјавата.

„Сега ќе поминам време со мајка ми, татко ми, сопругата и децата, луѓе во животот што ги занемарував многу години поради мојот напорен распоред.

Албајрак, кој е зет на Ердоган, е во кабинетот од 2015 година, според Блумберг.

Тој беше министер за енергетика, сè додека не ја презеде водечката економска позиција на државата во 2018 година.

Слични содржини