Згаснува актуелниот кинески фудбалски првак

од Nikola Popovski

Кинескиот фудбал доживеа шок во неделата откако сопствениците на кинескиот шампион Џиангсу Сунинг објавија дека клубот ќе престане да постои поради финансиски проблеми.

Во соопштението се вели дека сите фудбалски клубови на групацијата „Сунинг Груп“, трговска компанија со седиште во Нанџинг, која исто така е сопственик на милански Интер, „од денес ќе престанат да работат“ и дека компанијата ќе се ослободи од ризичните средства што не припаѓаат на основната дејност .

Џиангсу ФК ја освои титулата во кинеската Супер лига за првпат во ноември со победа во плејофот над осумкратниот шампион Гуангжу Евергранде.

Пред неколку дена, кинескиот шампион беше исфрлен од азиската Лига на шампиони поради „неплатени долгови“ кон кинескиот освојувач на ФА купот, Шандонг Луненг.

Слични содржини