Згодниот Италијанец позираше во прегратките на колега и ги разочара жените: „Јас сум лажго!“

од Stefanija Kuzmanovska

Главниот актер на филмот „365 дена“ на Нетфликс ги освои срцата на жените ширум светот, но неговиот неодамнешен пост на Инстаграм предизвика гласини дека е хомосексуалец. Сепак, фановите можат да здивнат бидејќи тој на крајот негираше сè.

Микеле Мороне (30) се прослави со улогата во италијанско-полскиот филм „365 дена“, кој минатата година ја освои титулата најгледан филм на Нетфликс. Италијанецот наскоро стана еден од најпосакуваните мажи во светот и го следат скоро 13 милиони корисници на социјалните мрежи.

Микеле често објавува жешки фотографии без кошула на својот профил на Инстаграм, покажувајќи ги своите мускули и бројни тетоважи.

Сепак, тој крена најмногу прашина со неговата неодамнешна фотографија, на која позира во прегратките на Симоне Сусина (26), која го игра неговиот најголем непријател во филмот „365 дена“.

„Јас сум лажго“, напиша Мороне во описот на фотографијата, која набрзо собра скоро 3 милиони лајкови, како и бројни негативни реакции од обожавателките на Микеле.

За нивна среќа, згодниот актер наскоро се огласи во врска со гласините за неговата сексуална ориентација.

– Симоне и јас станавме многу добри пријатели, ние сме браќа. Заедно снимаме филм. Луѓе, тоа е само фотографија, ништо повеќе – напиша Мороне на својот Инстаграм профил.

– Ја поддржувам ЛГБТ заедницата, но ние направивме само најнормални фотографии. Не реков дека сум геј – објасни Италијанецот и додаде дека сите актери на некој начин се лажговци.

Слични содржини