Зголемен бројот на нови случаи, од понеделник ќе се знае дали ќе има рестрикции

од Берта Китинска

Изминатиот период навистина има зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи и зголемување на бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител.

Тој нагласи дека изминативе денови имале интензивна комуникација со членовите на Комисијата за заразни болести и рече дека ги следат бројките.

-Дали овој тренд на зголемување ќе продолжи или ќе заземе некое плато, односно дали ќе биде слична слика како во ноември. Засега не е. Тогаш исполнувањето на болничките капацитети беше многу побрзо, отколку сега. Но, внимателни сме и затоа модуларната болница кај Инфективната клиника повторно е во функција, болницата Козле е исто така подготвена и ќе ја пратиме ситуацијата следните денови. Заклучно со почеток на следната недела ќе одлучуваме дали се потребни некакви дополнителни рестриктивни мерки или не, нагласи Филипче.

650 санкции за неносење маски

-Во текот на изминатото деноноќие (05/06.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 650 прекршоци, соопштија од МВР.

Слични содржини