Зголемена продажба на лажни маски и лекови во ЕУ

од Vladimir Zorba

Стапката на криминал за време на пандемијата на коронавирус е зголемена во Европската унија, а криминалците и бандите брзо се организираат, предупредува Европол.

Има пораст на компјутерскиот криминал, измами, кражби и фалсификување.

Од избувнувањето на пандемијата, значително се зголемила продажбата на лажна заштитна опрема – маски, средства за дезинфекција и лекови. За време на глобална полициска операција беа запленети околу 34,000 лажни хируршки маски, соопшти Европол.

Конкретно се укажува на лажните лекови, кои вклучуваат и „хлорокин“, за кој се верува дека помага при лекувањето на коронавирусот и разни витамини.

Европол тврди дека таквата криминална активност за време на здравствената криза е закана и може да загрози човечки животи. Европол особено предупредува за компјутерски криминал, затоа што многу луѓе сега работат од дома, со што нивните податоци и мрежи се помалку сигурни.

Слични содржини