Зголемени тензиите меѓу Европската унија и Москва поради Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Тензиите со Москва околу Белорусија и дозволите за прелети носат ризик од ескалација, беше предупредено во Брисел, каде се одржува состанок на претставници на Унијата и министрите на одбрана на земјите членки. Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека има големи нарушувања во воздушниот сообраќај, како и дека е потребно да се почека да се разјасни ситуацијата за да се донесат конкретни одлуки.

Според репортерот на „N1“, министрите задолжени за одбрана на Европската унија се собрале во Лисабон, од каде испратиле порака дека е потребно да се исполнат барањата испратени до Белорусија од Европскиот совет. Тие се однесуваат на непосредно ослободување на Роман Проташевиќ, граѓанска истрага за тоа како авионот слетал, а најавени се и насочени санкции против лица од режимот на Лукашенко кои се сметаат за одговорни за оваа состојба. Исто така, беше споменато зајакнување на економските санкции против целата земја, што треба да изврши притисок врз Белорусија.

Исто така, донесени се специфични одлуки со кои се забранува слетување на белоруски авиони на територијата на ЕУ, а некои земји веќе започнаа со таа практика. Исто така, се апелира до сите компании со седиште во ЕУ да не минуваат низ Белорусија, односно да го избегнуваат воздушниот простор на земјата. Дека тоа е започнато потврди и претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел, кој сподели твит ден по состанокот на таа европска институција, на кој може да се види дека воздушниот простор над Белорусија, што се однесува до цивилните летови, е целосно празен.

Одговор, во меѓувреме, дојде од Русија.

Жозеф Борел рече дека неколку авиокомпании не можат да полетаат, а неколку не можат да слетаат на територијата на Русија. Сè уште нема прецизни информации, но Борел има теорија според која тоа е начин Русија да влијае на Европската унија да ги заобиколи своите санкции, односно ЕУ да ги принуди авионите да слетаат на територијата на Белорусија.

„По повод Белорусија, вчера се појави вест за препреки за полетување и слетување на европски авиони во Москва. Имаше големи нарушувања во воздушниот сообраќај, но сè уште не знаеме дали станува збор за индивидуален случај или дали е општа норма на руските власти да ги принудуваат европските авиони да летаат над Белорусија. Сè уште не знаеме. Имаше неколку случаи, некои авиони не можеа да слетаат, други не можеа да полетаат. Но, да бидам искрен, мора да почекаме и да видиме дали нешто треба да преземеме“, изјави Борел.

Слични содржини