Зголемени трошоците на живот и цените на мало на годишно ниво

од Берта Китинска

Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти. Oвие податоци ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

-Пораст на трошоците на животот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, кај џемот, кај медот, кај чоколадата и кај кондиторските производи за 0,6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 проценти, маслото и маснотиите за 0,4  проценти, жестоките пијалаци за 0,3 проценти

Во јануари, раст на трошоците на живот има и кај електричните апарати за лична хигиена за 4 проценти, гасот за домаќинствата за 3,6 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2 процента, мебелот и покуќнината за 1,6 проценти, велосипедите за 1,4 проценти, итн.

Намалување на индексите на трошоците на живот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук за 6,5 проценти, свежото и разладено овошје за 1,6 проценти, виното за 0,5 проценти, месото за 0,4 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0,3 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти“, стои во соопштението на ДЗС.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4.0 %, гасот за домаќинствата за 3.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.6 %, велосипедите за 1.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, патниот патнички транспорт за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0.6 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0.2 %., соопштија од ДЗС.

Слични содржини