Зголеменото учество на жените во политиката – исчекор во вистински правец во процесот на родова еднаквост

од Nikola Popovski

Со 364 „За“ и само еден 1„против“ беше избран новиот лидер на ЛДП, во името на досегашната потпретседателка и пратеничка од оваа партија–Моника Зајкова.

„Ви ветувам лидерство насочено кон иднината! Затоа што ЛДП ја гледам како партија која гради политики во сегашноста, кои ќе обезбедат иднина кадешто ќе живееме поубаво од денес. Местото каде што ќе живеат нашите поколенија кон кои носиме одговорност да преземеме акција токму денес, токму сега!”, кажа Зајкова по изборот.

Маја Морачанин

Маја Морачанин

Дел од партиите ѝ го честитаа изборот на Зајкова. Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во изјава за „Локално“ рече дека ѝ е многу драго што конечно во Македонија имаме уште една политичка партија, каде претседателка е жена.

-Тоа ми е особено важно и на ДОМ исто, бидејќи посебно внимание обрнуваме на унапредување на правата на жените. Зголеменото учество на жените во политиката е многу важно во тој процес на родова еднаквост. Ова е исчекор во добар правец, вели Морачанин.

Според лидерката на ДОМ, „Зајкова е посветена на идеолошките вредности кои што ги застапуваат либералите“.

-Тоа ѝ недостасува на политичката сцена во Македонија. Партиите ретко остануваат доследни на вредностите на политичката опција на која припаѓаат. Кај Зајкова мислам дека и во нејзините обраќање, се потенцираше дека стојат цврсто зад либералните вредности како ЛДП, истакна Морачанин.

Петар Богојески

Петар Богојески

Сепак постои и загриженост кај одреден дел од партиите со изборот на Зајкова. Според Петар Богојески од „Македонски концепт“ со ваквата одлука „ЛДП и понатаму ќе остане „сателит“ на СДСМ“.

– Заев направи приватизација во СДСМ, додава Богојески во разговор за „Локално“.

Тој смета дека „ЛДП е послушен фактор“ на политичката сцена во Македонија.

-Ѝ посакувам успех во животот, честит мандат. Не може да биде трета опција, кога се продолжена рака на Заев, реагира Богојески за изборот во ЛДП.

Н.П.

Слични содржини