ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДДВ-то: Хотелите и рестораните во Германија поминаа добро во април

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Рестораните и хотелите во Германија поминаа подобро во април отколку еден месец порано, и покрај прогнозите дека зголемувањето на ДДВ за храната во угостителството ќе ја намали продажбата оваа година, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Ако се земе предвид инфлацијата, прометот реално е повисок за 0,2 отсто, покажуваат прелиминарните податоци објавени од Федералното биро за статистика во средата. Номинално, прометот е поголем за 1,3 отсто.

Во однос на април лани, номиналниот раст е 0,8 отсто благодарение на растот на цените. Реалниот падна за 2,7 отсто, покажуваат статистичарите.

Од 1 јануари ДДВ за храната во рестораните во Германија повторно е 19 отсто. Претходно, владата привремено го намали на седум проценти, со цел да им помогне на рестораните погодени од пандемијата.

Враќањето на даноците во нормала ги зголемува цените, а аналитичарите очекуваат уште банкроти меѓу рестораните и хотелиерите.

Угостителите протестираа барајќи уште некое време да се применува пониска даночна стапка, но владата не им излезе во пресрет.

Слични содржини