Зграда со 400 станови ќе се гради кај „Холидеј ин“

од Берта Китинска

Најавата за изградба на зграда кај Холидеј ин и натаму предизвикува револт во јавноста.

Висококатниците кои треба да се изградат кај „Холидеј Ин“ предвидено е да имаат 400 станови во кои би требало да живеат околу 1 200 до 1 300 луѓе, рече архитектот Мартин Пановски во гоствуање на Телма, каде беше презентирана и фотографија од изгледот на проектот.

Ахритектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.
Граѓаните претходно започнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште.

Премиерот Зоран Заев вели дека секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но вели тој, треба да е согласно деталниот и генералниот урбанистички план.

Според него законите биле променети за да се спречело мегаломанството во градењето со тоа што постои условеност за паркинг места и зеленило.

„Паркирањето се решава внатре во парцела, не можете надвор по катни гаражи и тоа автоматски го намалува габаритот на изградбата. Дека најмалку зелен простор треба да биде 20 посто, а како што ме информираше градоначалникот има дупло зелен простор. Апсолутно ако е нарушен било кој од законите овде или во постапката на одобрение за градба треба да се укине одобрението и да не се дава одобрение. Ако се исполнети законските основи секако дека треба секој да го искористи уставното право и законското право за добивање одобрение за градба“, истакна Зоран Заев.

Слични содржини