Зградата на МНР обоена во боите на ЕУ

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва објави дека зградата на институцијата е обоена во боите на Европската Унија (ЕУ).

-Зградата на Министерството за надворешни работи во боите на Европската Унија, како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, напиша Османи.

Денеска во Брисел се одржа првата меѓувладина политичка конференција на ЕУ и Северна Македонија, со што започна скрининг-процесот. Почетокот на преговорите е условен со вклучување на Бугарите во Уставот.

Слични содржини