Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено, велат од МТСП

од Берта Китинска

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените.

-Овие податоци укажуваат дека една третина од вкупно вработените во предучилишните установи не го поддржуваат штрајкот организиран од СОНК, што претставува пораст од четири установи за разлика од вчерашниот ден.Согласно податоците на министерството кои се ажурираат на дневна основа, се бележи тенденција на пораст на згрижени деца во градинките во текот на денешниот ден. Ваквата состојба се должи на фактот што згрижувањето и воспитанието на децата течеше непречено вчерашниот ден, со исклучок на една Јавна установа и намален капацитет на згрижување на деца во мал број на предучилишни установи, велат од министерството

Оттаму посочуваат дека се бележи и благ пад на учесници (вработени и поддржувачи) на штрајкот во предучилишните установи.

-Социјалниот договор продолжува, Владата и Министерството за труд и социјална политика остануваат отворени за изнаоѓање на заедничко најодржливо решение за сите чинители во процесот, а пред се во интерес на заштитата на децата, велат од МТСП.

Слични содржини