Жбогар: Партиите да го донесат законот за ЈО

од Viktor Jovanov

Aмбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, денеска во Собранието на Република Северна Македонија рече дека Скопје не треба да стои настрана и да чека почеток на преговорите, а ги критикуваше партиите за предвремен почеток на изборната кампања.

-Ќе споменам три прашања кои се надеваме дека ќе ги унапредиме: Прво е Законот за јавното обвинителство, второ е Изборниот законик и трето, исто така се надеваме дека доаѓањето на европратениците на крајот на неделава и следната сесија на Дијалог Жан Моне ќе донесе договор околу правилата за постапката, за што неколку пати се дискутираше“-рече Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи исто така истакна дека е важно да се донесе законот.

-Да направиме дополнителен напор и да се фокусираме на владеењето на правото и да усвоиме широко прифатени закон за јавно обвинителство, закон за Академија на судии и јавни обвинители и да завршиме со постапката за преостанатите именувања во Националниот совет за радиодифузија и изборот на Комисијата за спречување од дискриминација”-Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Слични содржини