Жбогар: Законот за ЈО дава можност одговорноста да биде воспоставена

од Vladimir Zorba

„Не гледаме каде во текстот на Законот за јавното обвинителство има амнестија. Напротив, гледаме дека случаите на СЈО продолжуваат, а тоа нам ни е најважно“, ова го вели Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар во емисијата „Агенда 35“ на МТВ.

Жбогар посочува дека во оваа земја „нема да има владеење на правото, ниту доверба на граѓаните во правдата, ниту доверба во политичарите“ се додека барем случаите од СЈО не добијат завршница.

„Законот дава можност одговорноста да биде воспоставена. Шефицата на СЈО премина да речеме на „темната страна“, ама тоа не го намалува значењето на работата на СЈО која остана недовршена и мора да се заврши“, изјави Жбогар.

Слични содржини