Жена ги спаси своите кучиња од мечка: „Бегај од мојот двор“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Видео на кое се гледа како една жена ги брани своите кучиња од мечка и кое се појави на ТикТок, стана вирално по сите социјални мрежи.

Видеото покажува мечка како стои на ѕидот од задниот двор, додека неколку кучиња трчаат кон неа. Мечето што било со неа избегало кога кучињата почнале да лаат.

Во еден момент, мечката замавнала кон кучињата, по што жената од Јута, идентификувана како Хејли, излетала од надвор од нејзината куќа и ја турнала мечката преку ѕидот и ги ставило кучињата во куќата, фаќајќи го најмалото во нејзините раце.

На „ТикТок“ беше потврдено дека мечката и мечето, како и сите кучиња, биле добро по овој инцидент.

Слични содржини