Жена и дете од Радовиш повредени откако во нив удрил автомобил

од Берта Китинска

Десетгодишно девојче и постара жена од Радовиш се здобиле со повреди откако во нив удрил автомобил.

-Вчера во 09:15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул. „Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од село Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш – информира МВР.

Слични содржини