Жена му на Икарди: Може ќе остане во Интер, уште преговараме

од Vladimir Zorba

Сопругата и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди – Ванда Нара ги прокоментира преговорите за нов договор со клубот.

Актуелниот договор истекува на крајот на сезоната 2020/21, а интерес кон Аргентинецот има од Реал Мадрид.

„Не можам да ја предвидам иднината, но можам да кажам дека ни се допаѓа програмата на сопствениците на Интер. Тие сакаат клубот да се развива и повторно да стане еден од најдобрите во светот. Новиот договор не е потпишан, но нема тензии, мирно разговараме за можностите за продолжување на договорот“, изјави Ванда Нара пред „Ас“.

Слични содржини