Жена од Куманово пријавила во полицијата дека ја следеле и се заканувале

од Берта Китинска

Сведок од претходна сообраќајна несреќа ја следел, а друго лице се заканувало на мајка од Куманово, чија ќерка загинала во таа несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

Како што информираат од полицијата вчера во 22: 45 часот во полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово пријавила дека околу 18:00 часот, додека се движела со своето возило „БМВ“ по булеварот „Октомвриска Револуција“, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф“, кое го управува К.П. (сведок во сообраќајна незгода во која загинала ќерка на Г.Ф.).

-Според пријавеното, Г.Ф. продолжила со движењето, ја намалила брзината за да ја помине возилото „голф“, но, тоа не се случило. Исто така, според пријавеното, кога продолжиле со движењето на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ пред нејзиното возило излегло друго возило кое и го блокирало патот.

Како што пријавила Г.Ф., од возилото излегло едно лице кое ѝ упатило закани, а во тој момент од возилото излегол К.П., му фрлил некаков предмет на лицето од возилото што ѝ го блокирало патот и му дал знак да си замине- се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Слични содржини