Жена од сенка? Британците тврдат дека оваа жена влијаела врз Меган Маркл

Во Велика Британија главна тема се уште е Мегзит, а таблоидите сега пишуваат за жена за која тврдат дека имала голема улога во одлуката за напуштањето и низ целиот процес. Станува збор за пријателката наМеган и соработничка, Џесика Молронеј.

Името на оваа припадничка на канадското високо општество секако малку се појавува кога станува збор за кралското семејство, откако во него влезе Меган. Џесика е личноста на која Меган најмногу и верува, пишува Daily Mail. Токму поради тоа, таа дефинитивно има големо влијание врз Меган и текот на донесувањето на одлуката за Мегзит.

„Двете изгледаат ито, скоро не можеш да ги препознаеш, имаат исти фризури, носат иста шминка, иста облека“, пишува Daily Mail за односот меѓу Меган и нејзината најдобра пријателка.

Џесика исто така имала голема улога и во венчавката, кога наводно и помогнала на Меган околу организацијата и изборот на венчаница.

Џесика наводно и помага и околу малиот Арчи и го чува кога Меган не може. Била и на прославата пред раѓањето на кралското бебе, а дури и ги следела Хари и Меган за време на нивната турнеја во Австралија.

Daily Mail пишува дека токму таа била личноста која и помогнала на Меган да стекне „прогресивна“ улога во монархијата и на крајот и потполна независност во животот со Хари. Кога се појави веста за Мегзит, Џесика објавила цитат на Инстаграм: „Силната жена го погледнува предизвикот во очи и му намигнува“.

Нејзиниот профил е заклучен за јавноста. Но, најверојатно големиот број следачи дошле токму поради Меган. Имено, Молронеј и тоа како профитирала од кралската венчавка на својата пријателка и на социјалните мрежи, но и кога станува збор за модата, бидејќи Меган често носи модни парчиња со нејзин потпис.

Канаѓанката наводно често се обидувала да интервенира и за јавниот изглед на Меган, па во една прилика ја контактирала поранешната соработка на Меган и ја замолила да ја смени изјавата во која Меган ја опишува како тешка и личност која многу пребира.

Откако Меган и Хари постигнале договор со кралицата, Молронеј се упатила кој Јамајка каде моментално снима серија за Нетфликс.

Инаку Џесика е сопруга на канадскиот водител Бен Молронеј , инаку најстар син на поранешниот канадски премиер Брајан Молронеј. Имаат три деца кои наводно на Меган и се обраќаат со тета Мег.

Слични содржини