Жена почина откако во неа удрило возило

од Берта Китинска

На 19.07.2021 во 20.50 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Кичево, на место викано „Гранит“ кај с.Суводол-Македонски Брод, патничко возило „фолксваген шаран“, со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.П.(64) од Македонски Брод, удрило во Е.З.(31) од с.Брест-Македонски Брод.

Во незгодата Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

Слични содржини