Жена поднесе тужба против Ник Картер од „Бекстрит Бојс“, го обвини пејачот за силување

од Stefanija Kuzmanovska

Американката Шенон Шеј Рут го обвини Ник Картер, член на некогаш мегапопуларната машка група Бекстрит Бојс, дека ја силувал пред дваесет години на концерт во државата Вашингтон.

Во тужбата поднесена во четвртокот во окружниот суд Кларк во Лас Вегас, таа тврди дека во тоа време имала 17 години и дека Картер ѝ пренел ХПВ и ѝ се заканувал со затвор доколку открие што се случило.

Шенон има аутизам и церебрална парализа и тврди дека пејачот ѝ кажал дека никој нема да ѝ верува поради тоа.

„Исто така рече дека ќе ги сврти луѓето против мене бидејќи тој е Ник Картер и ќе ми го уништи животот“, е една од нејзините изјави во соопштението на адвокатот Марко Бошовиќ.

Од друга страна, адвокатот на Картер, Мајкл Холц, ги опиша нејзините обвинувања како правно неосновани и целосно невистинити, и наведе дека Шенон Шеј Рут била „манипулирана да изнесува лажни тврдења за Ник“.

Во изјавата тој ги нарече обвинувањата „правно неосновани“ и „целосно невистинити“.

„Никој не треба да биде измамен со новинарски трик оркестриран од опортунистички адвокат – нема ништо во ова тврдење и не се сомневаме дека судовите наскоро ќе го сфатат тоа“, рече тој.

Во тужбата, Шенон изјавила дека по настапот во Такома, Вашингтон во 2001 година, тогаш 21-годишниот Ник ја поканил во автобусот на бендот. Таа додава дека таму ѝ дал „нешто што личело на алкохолен пијалок“, а во бањата ја принудил на орален секс. Таа тврди дека тогаш почнала да плаче, а Картер побарал да престане.

Таа раскажа како ја силувал по втор пат на кревет во задниот дел од автобусот додека таа го молела да застане и дека дотогаш била девица. Шенон наводно се плашела да го пријави инцидентот поради заканите на Ник, па се борела со самоповредување и проблеми со менталното здравје во следните години.

Во тужбата таа бара повеќе од 30.000 долари за компензација и казнена отштета, а нејзиниот адвокат наведува дека заедно со Шенон, уште три анонимни жени поднеле тужба против Картер и дека тој има „историја на злоставување жени“.

Слични содржини