Жена положила возачки испит од 960-ти пат, потрошила 12.500 евра за целиот процес

од Stefanija Kuzmanovska

Жена од Јужна Кореја, Ча Са-Сун, положила возачки испит по 960-ти пат, а на тестови и часови по возење потрошила вкупно 12,5 илјади евра.

Целиот процес на аплицирање траел 15 години.

Теоретскиот дел од испитот го полагала за првпат во 2005 година, но успеала да го положи од 860-ти пат. Сепак, вистинскиот предизвик дошол кога почнала да го полага практичниот дел.

Но, како и на писмените и на практичните испити, покажа невидена упорност и конечно по 15 години обиди и неуспеси конечно успеала во својот план.

За нејзината упорност помогнала инспирацијата која ја добила од нејзиниот инструктор.

Како подарок за положен испит добила нов автомобил од Hyundai.

Слични содржини