Жена сакала да внесе кокаин во затворот во Штип

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека жена од Свети Николе се обидела да внесе храна во која имало скриено кокаин во затворот во Штип.

Според информациите на МВР, вчера Б.М.(44) од Свети Николе била приведена, затоа што околу 13 часот во затворот во Штип се обидела да внесе пакет со храна на осудено лице, во кој имало прашкаста материја, која била пронајдена при претрес од затворската полиција.

Во врска со настанот, полициски службеници ја привеле и В.К.(46) од Штип. При претрес во нејзиниот дом била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против Б.М. и В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава

Слични содржини