Жена се породи во авион, бебето заврши во канта за ѓубре

од Nikola Popovski

Персоналот на аеродромот во Маурициус пронашол новороденче оставено во канта за ѓубре во тоалетот на авионот.

Уапсена е 20-годишна жена од Мадагаскар, која е осомничена дека се породила за време на летот.

Авионот „Ер Маурициус“ слетал на аеродромот „Сер Сивусагур Рамгулам“ на 1 јануари, а детето било пронајдено при рутинска царинска проверка, пренесува „Хина“.

Полицајците забележале раскрвавена тоалетна хартија и пронашле дете кое веднаш било префрлено во болница. Детето и уапсената се чувствуваат добро.

Слични содржини