Жена се здоби со тешки телесни повреди, при движење во с. Стајковци и паднала ограда

Во селото Стајковци вчера попладне околу 17:30 часот, се случи незгода во која Р.В. (64) пријавила дека во движење во селото, врз неа паднал дел од ограда од куќа која се уште е во изградба.

По незгодата, жената била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на полицијата, бил извршен увид на местото на настанот.

Слични содржини