Жена свири на виолина додека и прават операција на мозок (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Пациентка во „King’s College“ болницата во Лондон свири на виолина, додека хирурзите и го оперираат мозокот, за да отстранат тумор, јави „Би-Би-Си“.

Дагмар Тарнер има 53 години. На неа и беше дијагностициран мозочен тумор во 2013 година.

Туморот се наоѓа во дел од мозокот кој е близу до пределот што ги контролира движењата на левата рака.

„Виолината е моја страст. Свирам уште од 10 години. Мислата да ја изгубам способноста да свирам, беше уништувачка, но мојот неврохирург, кој исто така е музичар, ги разбра моите грижи“, се вели во соопштението на жената за медиумите, цитирано од „Foxnews“.

Хирургот кој ја оперира е пијанист и исто така има музичко образование.

За време на операцијата, Дагмар беше извадена од анестезија и свири виолина. На овој начин, лекарите сакаат да се осигурат дека тие не влијаат на која било клучна област на мозокот што ги контролира деликатните движења на рацете на пациентот.

„Знаевме колку виолината и значи на Дагмар“, вели нејзиниот неврохирург, проф. Ашкан.

„Успеавме да отстраниме над 90 проценти од туморот … и во исто време ја задржавме целосната функционалност на нејзината лева рака“, додава тој.

Слични содржини