Жена успешно се лечи од депресија со имплант во мозокот

од Vladimir Zorba

Неверојатниот напредок на научниците им даде надеж на луѓето со ментални заболувања на кои не им помогаат ниту лекови.

Жена со тешка депресија беше успешно третирана со експериментален електричен имплант во мозокот, пишува „Гардијан“.

Уредот работи со откривање модели на мозочна активност поврзана со депресија и автоматски ги прекинува со помош на мали импулси на електрична стимулација кои продираат длабоко во мозокот.

Сара, 36-годишна пациентка, рече дека терапијата и го вратила животот „вреден за живеење“ и дека и овозможила спонтано да се насмее за прв пат по пет години.

Иако терапијата е тестирана само кај еден пациент – и наводно е погодна само за оние со тешка депресија – овој успех се смета за исклучително значаен. Ова е прва демонстрација дека активноста на мозокот што лежи во основата на симптомите на ментална болест може со сигурност да се открие и дека може да им помогне на пациентите кои не биле добро со години.

„Порано во психијатријата, не можевме да направиме ваков тип на персонализирана терапија“, вели Кетрин Скангос, доцент по клиничка психијатрија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF), која го водеше истражувањето.

„Овој успех сам по себе е неверојатен напредок во нашето знаење за мозочните функции кои се во основата на менталната болест“, заклучи таа.

Слични содржини