Жена во Тајланд осудена на 43 години затвор поради навреда на тајландското кралско семејство

од Stefanija Kuzmanovska

Тајландскиот суд во вторникот осуди 65-годишна жена, на повеќе од 43 години затвор за критикување на кралското семејство преку Интернет, изјави нејзиниот адвокат.

Тоа е најстрогата казна некогаш изречена во таа земја за навреда на монархијата.

Пресудата беше донесена во време на невидени протести на младите кои отворено ја критикуваа монархијата, и покрај строгиот тајландски закон познат како „lese majeste“ кој предвидува 15-годишна затворска казна за какво било кршење на законот.

Анчан Прелерт ја призна вината за 29 одделни прекршувања на законот со споделување и објавување на нејзиниот канал на Јутјуб и Фејсбук помеѓу 2014 и 2015 година, објасни нејзиниот адвокат Павини Чумсри.

Анчан првично беше осудена на 87 години затвор, но судот ја преполови нејзината казна поради признавањето на вина.

„Ова е најстрогата казна некогаш изречена за случај спроведен според законот на lese majesta“, објасни Павини од тајландската асоцијација на адвокати за човекови права.

Анчан сега има можност да се жали на два повисоки суда, рече адвокатот.

Полицијата изврши рација во домот на Анчан Прелерт во јануари 2015 година, неколку месеци откако беше соборена цивилна влада со воен удар.

По воениот удар во 2104 година, најмалку 169 лица беа обвинети за кривични дела според наведениот закон. Властите накратко престанаа да го применуваат во 2018 година, но полицијата го врати по немирите и протестите кои ја критикуваа монархијата.

Слични содржини