Жена вреска додека ја ставаат во метална кутија: Цели семејства во Кина извлекуваат од зграда (Вознемирувачко видео)

од Aleksandar Petrovski

На социјалните мрежи се појавија шокантни снимки кои го прикажуваат целиот хорор, страв и бес на кинеските државјани додека ги ставаат во карантин поради наглото ширење на коронавирусот.

На снимката се слуша врескање на жена која официјално ја ставиле во метална кутија за да ја однесат во изолација.

Кинескиот претседател на Владата, минатата седмица им наредил на властите во Вухан сите потврдени и потенцијални заразени од коронавирусот, оние кои имале контакт и оние кои имале грозница, да се стават во карантин, пренесуваат од „Daily Mail“.

На снимката која станала вирална на Твитер се гледаат маж и жена додека ги носат до металната кутија која се наоѓа во гепекот на камионот.

На втората шокантна снимка наводно се гледа четиричлено семејство кое го извлекуваат од зградата луѓе кои се облечени во заштитни одела.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=15&v=LQqIXgJJ6kg&feature=emb_title

Слични содржини