Барбара Буч, која минатиот петок настапи во делот на церемонијата на отворање на Олимписките игри за време на која се „карикираше“ уметничката фреска на Леонардо да Винчи – Тајната вечера, пријавила во полиција дека и се заканувале со силување и убиство, јавува Би-Би-Си.
„Од церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, уметникот, диџеј и активист Барбара Буч е цел на радикално насилна кампања на онлајн вознемирување и клевета“, рече нејзината адвокатка Одри Мелати во официјалното соопштение.
Додаде дека и се заканувале со смрт, мачење и силување и дека била цел на бројни антисемитски, хомофобични и сексистички навреди.
Disgusting pic.twitter.com/RtiFricweO
— Gunther Eagleman™ (@GuntherEagleman) July 26, 2024
Овој настап предизвика лавина негативни реакции, а минатата недела организаторите на Олимписките игри во Париз им се извинија на католиците и другите христијани кои беа налутени од кич сцената на свеченото отворање.
Настапот, во кој членовите на групата „Drag Race France“, трансродовиот модел и гола пејачка ја играа улогата на античкиот грчки бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето.
Христос го „играше“ Барбара Буч, 43-годишна Французинка позната по ЛГБТ активизмот и промоцијата на дебелината. Таа носеше круна во хало стил направена од кожа, дрво и кристали Сваровски.