Жената со гулабите од филмот „Сам дома“: Стара сум и осамена

од Vladimir Zorba

Сите обожаватели на легендарниот божиќен филм „Сам дома“ се сеќаваат на жената со гулабите од вториот дел на филмот, од која Кевин првично се плашеше, за подоцна да станат пријатели.

Бренда Фрикер, актерка која ќе остане запаметена по улогата на жената со гулаби од филмот, беше гостинка во една радио емисија, во која изјави дека е стара и живее сама, па затоа се чувствува осамено, пренесува британски „Дејли Мејл“.

– Добро ми оди, се држам како и сите други. Сега имам 75 години и би лажела ако кажам дека ова ќе биде убав и среќен Божиќ затоа што сум стара и живеам сама. Може да биде многу мрачно. Го исклучувам телефонот и ги спуштам ролетните. Однапред снимам неколку добри програми, го имам моето куче и така минувам низ тоа – рече актерката, која додаде дека Нова Година и е уште потешка сега.

– Ѕвонат sвоната и нема кој да се сврти, да се прегрне и да се насмее, а јас не можам да бегам од ѕвоната, црквите се насекаде – објаснува таа.

Слични содржини