Жени учествувале во тепачка во автобус

од Nikola Popovski

Возач пријавил тепачка во автобус, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 19.40 часот во Полициското одделение Сарај, З.О.(58) од с.Семениште, вработен како возач на автобус, пријавил дека во автобусот кој го управувал бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу.

-Според пријавата, тепачката се случила меѓу Е.Б.(23) од Тетово, А.Х.(25) од с.Д.Свиларе и двете женски лица и И.Л.(55) од с.Ласкарци. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од полицијата.

Слични содржини