Жените полека влегуваат во политичкиот живот во најтрадиционалистичките држави во светот. Иако важи за една од најбогатите земји во светот, Обединетите арапски емирати досега се држеа стрикно до традицијата, но прогласувањето на  уште три министерки во владиниот врв, можеби е почеток на менување на политичката свест во овие држави.

27225golema

Обединетите арапски емирати именуваа три министерки – за среќа, за толеранција и за млади.
Премиерот на Емиратите, шеикот Мохамед бен Рашед ал Мајтру рече дека параметарот на успех на една Влада е воведување на вистински промени кои ќе придонесат за среќа на луѓето.

Именувањето е во склоп на реконструкцијата на Владата објавена на социјалната мрежа Твитер, што претставува мала револуција во оваа држава богата со нафта.

Според Мохамед, реконструкцијата на Влдата е најголема структурална промена во историјата.

Во новата Влада се наоѓаат вкупно 8 нови министри, од кои 6 се жени. Просекот на вкупно 29 мината министри е 38 години, при што осум се жени, а најмладата од нив има 22 години.

Емиратите го следат примерот на Бутан, малото хималајско кралство кое води економска политика базирана на „брутосреќа“, а не на бруто домашен производ.

Слични содржини