Жените ги предводат протестите против Лукашенко, ги апсат маскирани полицајци

од Vladimir Zorba

Стотици жени извикуваа „срам“ на новите протести против владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, за кој демонстрантите тврдат дека ги фалсификувал изборните резултати на почетокот на август.

Додека демонстрантите се собираа во Минск, полициски комбиња веќе го зазедоа своето место на улиците.

Извештаите покажуваат дека се случиле нови апсења, откако стотици луѓе беа уапсени во Белорусија во последните неколку недели.

Групата за човекови права „Пролет“ објави дека се приведени десет лица, вклучително и новинари.

Видеата покажуваат дека жените биле влечени во автобуси, додека други биле уапсени пред трговски центри.

https://www.youtube.com/watch?v=SPJKK_ZdkHQ

Слични содржини