Жените и девојките од руралните средини полесно до матичен гинеколог

од Берта Китинска

Министерството за здравство, ФЗО РСМ, здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина ќе реализираат уште една реформа во примарната здравствена заштита.

-Жените и девојките од руралните средини полесно до услуги за сексуално и репродуктивно здравје во регионите каде нема гинеколог или нивниот број е многу мал. Заедно со здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина ќе реализираме уште една реформа во примарната здравствена заштита. Овој проект го доби ХЕРА од јапонската амбасада и ќе се спроведе во 10 градови: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Го унапредуваме сексуалното и репродуктивно здравје со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за проект кој ХЕРА го доби од амбасадата на Јапонија, како поддршка на јапонскиот народ, а се однесува на пристапот до матичен гинеколог во регионите каде воопшто нема таков семеен лекар или нивиниот број е многу мал.

Слични содржини