„Жените не се создадени за да бидат разбрани, туку да бидат сакани“:Најубавите пораки за 8 Март

од Берта Китинска

По повод Меѓународниот ден на жената еве неколку моќни цитати и пораки со цел да ве мотивираме и инспирираме да бидете најдобри што можете.

Најубавите пораки за денот на жената

„Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8ми март!“

„Оваа порака ја пренесува сета мојата среќа и доброто расположение! Барем на момент уживај во чувството дека некој постојано мисли на тебе! Среќен 8ми март!“

„Те сакам што си најубава бајка и што си родена да бидеш токму моја мајка… Среќен 8ми март!“

„Нека среќата ти стане стварност, а здравјето нека биде трајност, нека љубовта твоето срце го грее и секоја исполнета желба нека ти се насмее! Среќен 8ми март!“

„Те сакам затоа што си мојот живот и токму тебе ти го должам целиот мој успех, не само на овој ден, туку и на секој друг, за нас посебен! Среќен 8ми март!“

„И на крајот онаа наједноставната, а за многумина и најдрага: Среќен 8ми март!“

Најубави цитати за жените

„Силата на жената произлегува од факт што ни психологијата не може да го објасни. Мажите може да се анализираат, а жените…само да се обожаваат“ – Оскар Вајлд

“Слабост , името ти е жена“ – Вилијам Шекспир.

“Со жена се расправа срцето, не умот“ – Метју Арнолд

“Таа. Тое е прво лице еднина. Тоа е заменка што ништо не може да ја замени“ – Ѓорѓе Балашевиќ

“Убавината на жената е во нејзините очи оти тие се врата на нејзиното срце, место каде љубовта живее“ – Одри Хепберн

“Кога очите на жената се замаглени од солзи, тогаш мажот е тој што не гледа јасно“ – Мишел Торниер

“Што е подобро од мудроста? Жената. А што е подобро од добра жена? Ништо“ – Џефри Чосер

Слични содржини