Жените се посреќни без деца и сопруг, тврди експерт за среќа

од desk2

Можеби сте го помислиле ова порано, но сега тоа го потврдува и едно истражување – жените кои не се во брак и немаат деца се најсреќната подгрупа во популацијата. Тие исто така имаат поголеми шанси за долговечност во споредба со жените кои се мажени и имаат деца, вели водечки експерт за бихејвиоризам.

Професорот по бихејвиоризам Пол Долан вели дека најновите докази укажуваат дека традиционалните маркери по кои порано се мерел успехот веќе не соодветствуваат со чувството на среќа, особено не бракот и воспитувањето деца.

„Луѓето во брак се посреќни од другите подгрупи, но само кога нивниот партнер е во просторијата со нив кога им се поставува прашањето колку се среќни. Кога сопружниците не се тука, одговорот е: ужасно несреќен/несреќна сум“, вели тој.

„Имаме направено многу истражувања во текот на долг временски период и имам само едно да ви кажам: ако сте маж, најверојатно треба да влезете во брак, ако сте жена-ич не се мачете.“

Мажите имаат повеќе придобивки од бракот бидејќи тоа ги „смирува“, вели тој.

„Помалку ризикувате, повеќе заработувате и живеете подолго. Жената од друга страна, мора да го издржи сето тоа и на крај умира порано во споредба со жените кои воопшто не се омажиле. Најсреќните и најздравите жени се оние од подгрупата кои никогаш не се омажиле и немаат деца“, вели тој.

Други истражувања ги споредиле финансиските и здравствените предности на бракот за мажите и за жените и резулатите покажале дека бракот нуди повисоки примања и емотивна поддршка поради кои луѓето почесто преземале ризици и се грижеле за своето здравје.

Сепак, предностите се поголеми за мажите отколку за жените во брак. Кај мажените средовечните жени дури е поголем ризикот од развивање нови физички или психички состојби отколку кај немажените.

Долан сепак ужажува дека иако сингл животот е добар за жените, општо прифатеното верување дека бракот и децата се знак за успех создава стигма што може да направи некои сингл жени да се чувствуваат несреќни.

Слични содржини