Жените што го практикуваат ОВА во кревет, се повеќе склони кон прељуба!

од Nikola Popovski

Се случува жената да не може да доживее оргазам, што е сосема нормална работа.

Меѓутоа, тогаш можеби ќе сака да го исполни своето задоволство со некој друг.

Едно истражување покажало дека постои едно нешто што може да укаже дека жената ве изневерува со друг маж. Имено, истражувањата покажале дека тешко дека жените кои редовно глумат оргазам, ќе бидат верни. Студијата, објавена во „Archives of Sexual Behavior“, испитувала 138 жени и 121 маж во хетеросексуални врски, каде што биле испитани за климакс и прељуба.

Интензитетот и зачестеноста на женските оргазми немаla големо влијание врз тоа дали жените претходно изневерувале или веројатно ќе изневеруваат во иднина. Но, имало дефинитивна врска помеѓу тоа колку пати жената лажирала оргазам и колку е веројатно дека ќе изврши прељуба.

Колку повеќе жената се преправала дека доживува оргазам, толку е поголема веројатноста дека ќе го изневерува партнерот во минатото, како и дека повторно ќе го изневерува во иднина. Експертката за секс, Тами Нелсон откри дека дури 80 отсто од жените признале дека го изневерувале партнерот.

Претходните студии покажаа дека жените кои глумат оргазам се чувствуваат незадоволни од сексот со своите партнери или не можат да кажат што сакаат во кревет – што може да ја објасни потребата да се најде задоволство на друго место.

Слични содржини